Согласно календарот за атлетски натпревари атлетската федерација на Македонија во сабота со почеток во 09-30 часот ќе го организира националното првенство за млади младинци. Но надвор од конкуренција дозволен е настап на сениори. Ова претставува одлична можност за атлетичарите да ја проверат својата форма.
Покрај, Петре Завировски кој потврди свое учество ќе настапат, други веќе докажани атлетски имиња како Игор Јакимовски, Мартин Трајановски, Димитар Петровски, Дамјан Јакимовски и младиот Андреј Андовски. Стартот на оваа трка е закажан за 9-40 часот. Да потсетиме оваа сезона Завировски има 09-47 на 3.000м. Најдобар негов резултат во кариерата е 9-32.