Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски одличен на НП во крос кантри
Завировски одличен на НП во крос кантри

Завировски одличен на НП во крос кантри

Нашиот Петре Завирoвски и натаму бележи одлични резултати. Покажува исклучително високи перформански, лавовски ги брани боите на Вардар. Имено на националното првенство во крос кантри организирано од страна на Атлетската Федерација на Македонија вардарецот покажа висока конкурентност.

Одлично тактички ја одработи трката и по којзнае кој пат во кариерата за тоа имаше голема помош од нашиот драг атлетски пријател Игор Јакимовски. Исклучително силен финиш каде последните 200 метри буквално ги прелета за помалку од 30 секунди. последниот километар за 3-25 што е одлично ако се земе во предвид дека просекот на кој трчаше Завировски на оваа трка е 3-38. Со тоа патеката долга 10км ја мина за 36-49. Ова денес дефинитивно беше една од најдобрите крос кантри трки на Завировски во кариерата.

Сезоната за него продолжува на 23 октомври со нова крос кантри трка во должина од 10км во парк шумата Гази Баба во чест на македонската револуционерна борба. Потоа на 7 ноеври во Гевгелија ќе трча на 10км на националното првенство на Македонија на пат.