Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > РК Вардар подобар во гости од Пролет
РК Вардар подобар во гости од Пролет

РК Вардар подобар во гости од Пролет

Вардар 1961  го совлада денес РК Пролет со 35-26, контролирајќи го натпреварот сите 60 минути.

По  15 минути, кога црвено-црните се одлепија поведувајќи со 9-4. Пролет имаше обиди да се врати, намали на минус три, но Вардар го имаше расположениот Томовски на голот и продолжи да доминира со 18-12 на паузата. Црвено-црните на Вујовиќ го котролираа дуелот и во вториот дел постепено ја зголемуваа разликата и победија со 35-26.

.Пет ракометари постигнаа по четири гола за Вардар: Дибиров, Мишевски, Ѓукиќ, Валчак и Оливие Њокас.