Бравооооооо….ЖРК Вардар денес во ГОЛЕМ СТИЛ СЕ ВРАТИ во ракомета европа по 3.години пауза. ГостуваВме кај РК Приштина од Косово, девојките на Ристова, Платон и Папуџиева дојдоа до победа. Ние триумфиравме со 35-39.
Игравме без стандардините трајкоска и Џатевска пораи поведи на овој важен дуел. Вардарки покажаа дека сакаат да доминираат на овој натпревар и уште од Косово да донесат предност во Скопје. Отворивме добро со 3-5, во 18.минута водевме со 8-10 односно со два гола повторно. Девојките од Приштина влегоа во ритам и изедначија на 13-13, најмладата во составот голманот Вероника Ѓорѓиевска доби прилика. Нанижа 4.одбрани и ни дозволи да поведеме со 14-16 во 30.минута. Домаќинот во последниот напад успеа да намали и на одмор заминавме со минимални 15-16 за нас.
.
Вториот дел започна со силна игра на нашиот тим, во одбраната и во нападот Вероника повторно впиша одбрана. Успеавме со мини серија да се одлеипиме прв пат на три плус во вторите 30.минути кога поведовме со 16-19 во 37.минута. Потоа се играше гол за гол и водевме со 20-24 и ја контролиравме играта. Некаде пред средината на вториот период од овој натпревар. Вардар покажа квалитет и поведе со недостижни 20-26, ние фунциониравме како еден. На нешто повеќе од 10.минути до крајот ја минавме 30-ката, поведовме со 25-30, најпрвин на нашиот гол Ѓоршиевска одбрани, од крило одлично „заби“ капитенот Диневска Бојана. Нејзините „имењачки“ младите вардарки блеснаа, најпрвин Коцева беше стрелец на 33-тиот гол во 51.минута (26-33), веќе се осеќаше радоста на клупата на црвено-црните, пота и Радевска погоди за 29-35.Останавме по искучувања со само 4девојки во поле, ривалот намали на 33-35 на 3.минути до крајот, во најлош момент дојдоа искучувањата за нас. Се вративме и победивме со 35-39.
Трпевска, Дамјаноска и Диневска постигнаа по седум гола и беа најзаслужни за позитивниот резултат. Солидна беше Костовиќ која помогна со пет погодоци, Вероника Ѓорѓиевски имаше 12.одбрани.
ЧЕСТИТКИ ЗА СИТЕ ВАРДАРКИ…..БРАВОООО