Фудбалерите на Вардар ја запишаа втората победа во низа, откако попладнево го совладаа тимот на ГФК Охрид, со резултат 2:0. Стрелци на головите за Вардар беа Блажевски и Грозданоски.
Вардар на одличен начин го отвори дуелот и по само 15-сетина минути игра имаше водство од 1:0. Капитенот Дејан Блажевски измами двајца играчи на гостинот, биеше од преку 20 метри крајно прецизно за голема радост кај вардарци и предност од 1:0. Вардар продолжи да ја контролира играта, противникот имаше еден опасен слободен, но Илиќ беше на висина на задачата и не дозволи изненадување. Се играше 32 минута, одлична акција на Вардар, Блажевски со супер асистенција до Петковски кој биеше само покрај голот и пропадна оваа супер шанса за 2:0.
Во вториот дел ,,џокерот” на Глигоров, Дарко Грозданоски стрелаше прецизно за 2:0 и сигурна победа на Вардар. Ова беше втора победа во низа за Вардар.