Утрово на теренот во населбата Хиподром, активни беа пионерите на ФК Вардар кои одиграа пријателски натпревар со екипата на Работнички. Конечниот резултат на ова градско пријателски дерби гласеше 1:1.
Вардар имаше поголем дел од играта, создаде и неколку добри шанси да го загрози противничкиот гол, но сепак по крајот на првото полувреме тимот на Работнички беше во предност од еден гол. Во првиот дел шанси пропуштија Дошев и Јакимовски, како и Кузмановски. Во второто полувреме продолживме со офанзивната игра, во прилики се најдоа Алији, Трајчевски и Цикарски, иако и Работнички имаше неколку обиди кон нашиот гол. Израмнувачкиот погодок падна преку Горјан Цветков кој погоди со удар од белата точка. До крајот на натпреварот имавме голема шанса да направиме резултатски пресврт, но Алији не успеа да погоди откако се најде очи во очи со голманот на Работнички.
Вардар: Илиевски, Кулуковски, Серафимов, Митревски, Цветков, Фидановски, Дошев, Спасиќ, Кузмановски, Јакимовски и Алији.
Во играа влегоа уште и Цикарски, Јаневски, Ристовски, Николовски и Трајчевски
За следниот викенд е предвиден старт на новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги.