Sunday ,27 November 2022
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски: 42.195км за Вардар

Завировски: 42.195км за Вардар

308157120_1093834904857869_4509346540191495752_n

Во недела 2 октомври низ Скопските улици традиционално ќе се одржи Скопскиот Маратон. Манифестација која организационо е рамна на големите светски маратони како во Берлин, Лондон, Чикаго…
Убедливо број 1 во регионот со исклучително брза патека. Оваа година има промена на трасата на патеката но и новата патека е и те како брза, идеална за постигнување одлични резултати.Стартот е закажан во недела во 08:00 часот. Нашиот, Петре Завировски ќе трча на пеколните 42.195км, eксклузивно ни изјави:

>

Особена чест ми е што имам можност да настапувам за Вардар. Тоа е клуб, љубов од моето детство. Ова ќе биде најтешкото нешто што сум го правел во мојот живот а ќе го правам со дресот на Вардар со логото на Комити Запад и Вардар Фанс. Дали можев подобро да се подготвам? Можеби… Дали дадов се од себе? Апсолутно да. Во изминатиот период од 5 месеци не настапив на ниту една друга трка. Едноставно ѓи исполнив сите мои цели на пократките дистанци и немав мотивација за нив. Единствено што сакав е Маратонот. Но за Маратонот не се подготвувам само овие 5 месеци, за него се подготвувам целиот мој живот. Тоа беше енергија која ме водеше низ животот. Почувствував дека сега е вистинскиот момент. Се чувствувам подготвен за овој предизвик да застанам во висок старт “на долг пат без крај”. Подготвен сум и знам дека чувството во вториот дел ќе биде како асфалтот да гори. Но тоа ќе биде едно неверојатно патување. Апсолутно сум подготвен. Илјадниците километри поминати во тренинг, многу пот, многу крв, многу солзи, многу болка… Сето тоа ми дава чувство дека сум жив со нетрпение го очекувам истрелот по кој улиците на Скопје ќе се претворат во река од Маратонци. Се надевам во најдобро светло ќе го претставам симболот на Македонија а тоа е Вардар!