Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Кадетите на Вардар високо го совладаа ФК Милано
Кадетите на Вардар високо го совладаа ФК Милано

Кадетите на Вардар високо го совладаа ФК Милано

Кадетите на ФК Вардар до нова победа, совладан тимот на ФК Милано Куманово во гости, на дуелот кој се одигра на „Градскиот Стадион“ во истоимениот град дојдовме до победа со резултат 1-4 (0-2). Црвено-црните кадети по две кола имаат максимални шест бода и се на делба на лидерската позиција на табелата.

Стартен состав: Данстак Андреј, Трајчевски Александар, Рахми Рами, Митревски Матеј, Кулуковски Влатко (К), Стефановиќ Виктор, Туша Агрон, Кузмановски Михаил, Сековски Дарко и Стојановски Димитар.

.Дуелот почна со лесно досуден пенал за домаќинот по една навидум неопасна ситуација во 5.минута, на нашиот гол Данстак Андреј беше сигурен го одбрани истиот и не дозволи да бркаме негатива. За нас стрелаа двајца момци на оваа средба во 31.минута поведовме со 0-1 на ова гостување, стрелец за вардарци беше Туша Агрон. Упати удар, голманот ја одби во втората прилика беше непогрешлив. По овој гол атакувавме на удовјување на предноста, успеавме во истото во последната минута од првиот дел, топката дојде до Сековски Дарко кој беше одлично пронајден со дијагонала од Стојановски Димитар и ги постави конечните 0-2 за првите 45.минута.

Во вториот дел повторно Туша Агрон беше таличен за домаќинот, тој со својот втор гол донесе предност од 0-3, изби сам со голманот на кумановчани и стрелаше непогрешливо. Домаќинот во 80.минута намали на 1-3, ние по примениот гол веднаш тргнавме да ја вратиме предноста од три погодоци. Веќе по две минути со вториот гол на Сековски Дарко ги постигнавме конечните 1-4 и дојдовме до нова победа, со глава биеше неодбранливо во мрежата на ривалот.

Играа уште: Илиевски Леонид, Рамани Хадис, Митрески Лука, Радевски Филип и Бектеши Хабиб.