Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Охридскиот атлетски маратон таргет на Завировски

Атлетика! Охридскиот атлетски маратон таргет на Завировски

Оваа есен ќе се одржи 31-от Меѓународен Атлетски Маратон “Охрид 2017„, иницијативниот одбор на Здружение Охридски Атлетски Маратон 2012 и ова година продолжува со традицијата Атлетски Маратон Св. Наум – Охрид. Истиот во континуитет се одржуваше од 1976 година до 1993 година потоа следеше пауза и повторна реактивација на истиот. Оваа манифестација прерасна од општински, сојузен па и до меѓународен атлетски мартон а бројот на учесници се зголемуваше од 4 до рекордни 107 учесници во 2010-та година.

Самата  асфалтираната патека на Меѓународниот Атлетски Маратон Охрид е  во должина од 30 километри. Се трча долж крајбрежјето на Охридското Езеро со многу нагорнини и надолнини. На истиот сигурен досега е еден учесник од АК  Вардар, младиот атлетичар Петре Завировски. Од пред една недела тој ги отпочна подготовките за овој настан до кој има четириесетина денови. На истиот ќе се обиде да се врати повторно помеѓу кандидатите за висок пласман. По пехот и проблемите на Скопскиот маратонот младиот вардарец беше на принуден одмор два ипол месеци. Одново се врати проблемот со повредата на десното колено дополнителни проблеми создаде тоа што специјалистите немаа јасен став околу третманот и начинот на лекување на повредата. Сега се одлучиа за подолга пауза. Сеуште е многу рано да се коментира околу тоа како ке се одвива понатаму овој проблем бидејки Завировски тренира само десетина дена по долгата пауза. Проблемот со повредата се криеше многу не зборуваа за тоа од неговиот табор. Сега со многу малку тренинг маратонската легендата Мартиновски ќе се обиде да направи чудо и да го подготви за настап на пеколната делница од св.Наум до Охрид младиот вардаров маратонец.

Маратонот ќе се одржи на 8-септември денот на независноста на нашата република.