Втор пораз за женската младинска ракометна репрезентација, на европското првенство во Словенија. Избраничките на Борче Марковски претрпеа уште еден висок пораз, во второто коло против селекцијата на Русија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 15:42. Македонија беше немоќна и на овој натпревар да пружи достоен отпор и го впиша вториот пораз.
Повторно најефикасна во нашата репрезентација беше Леонида Гичевска која настапува за екипата на Вардар СЦЈС. Таа мечот го заврши со шест погодоци, како и во првото коло против Хрватска. Ива Божиноска и Ања Велкова беа стрелци на два гола. Денес е слободен ден, додека утре го играме последниот натпревар во групната фаза, каде за противник ја имаме селекцијата на Норвешка.