Кадетите на ФК Вардар се наоѓаат на турнир во Босна, каде утрово одиграа еден натпревар и забележаа победа. Избраниците на Влатко Колев за противник ја имаа екипата на Сутјеска од Црна Гора, која ја победија минимално со резултат 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше репрезентативецот Филип Антовски. По првото полувреме, исто така имавме предност од 1:0.
Тренерот Влатко Колев стартуваше со следниве 11-сетмина: Тимевски, Радевски, Адем, Ѓорѓиески, Димов, Антовски, Наумчески, Стојановски, Реџепи, Бериша, Битиќи.
Вечерва со почеток од 19 часот ќе играме полуфинале на турниорот со екипата на Ријека од Хрватска. На овој силен турнир, учествуваат уште и Партизан, Црвена Ѕвезда, Марибор и Железничар