Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар обезбеди билети со Копенхаген за своите поддржувачи по 18 евра
ФК Вардар обезбеди билети со Копенхаген за своите поддржувачи по 18 евра

ФК Вардар обезбеди билети со Копенхаген за своите поддржувачи по 18 евра

ФК  Вардар преку соопштение извести дека ќе  овозможи прилика  да се проследи во живо натпреварот помеѓу Копенхаген и Вардар во рамките од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите кој ќе се игра на 2. август на стадионот „Телиа Паркен“ во Копенхаген. Имателите на овие билети ќе бидат сместени на посебен сектор на стадионот. Во продолжение на соопштението се вели:

Нашиот клуб ќе продава билети за натпреварот по цена од 18 евра (1.150 денари). Билетите можете да ги набавите на следниот ЛИНК. 

Влезници можат да купат само државјани на Република Македонија или за Македонци кои што живеат надвор од границите на Република Македонија.

При купување на билет задолжително ќе биде потполнување на име и презиме и број на лична карта, и од секој купувач ќе се бара да достави и телефонски број за контакт на info@ticketplus.mk

При купувањето добивате електронски ваучери кои што подоцна ќе можат да се заменат со влезници за натпреварот на следните два начина: 

1. На 1-ви август (вторник) пред официјалниот тренинг на Ф.К. Вардар на „Телиа Паркен“ стадионот од 18:00 до 21:00 часот
2. На 2-ри август (среда), на денот на натпреварот на „Телиа Паркен“ стадионот од 12:00 до 14:00 часот

Сите подетални информации можете да ги добиете на:
Телефон за контакт: +389 75 377900
е-маил: filipzikov@hotmail.com