Кадетите на ФК Вардар настапуваат на турнир во Босна и Херцеговина. Тие утрово одиграа еден натпревар и забележаа победа. Ривал ни беше Сутјеска од Црна Гора, која ја победија минимално со резултат 1:0. Стрелец на единствениот погодок за избраниците на Влатко Колев беше репрезентативецот Филип Антовски.