Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Петта последователна година, РК Вардар главниот дел од подготовките ќе го одработи во Крањска Гора

Петта последователна година, РК Вардар главниот дел од подготовките ќе го одработи во Крањска Гора

Европскиот ракометен шампион во четвртокот ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона. Екипа до вторник ќе тренира во С.Ц. Јане Сандански, а од среда заминува на подготовки во Крањска Гора. Петта последователна година, клубот се решава главниот дел од подготовките да го одработи тука. Крањска Гора се наоѓа помеѓу Словенија, Италија и Австрија, а познато е по прекрасниот пејсаж. Ова место е домаќин на светскиот куп во скијање – Покала Витранц, т.е. на натпреварот на Светскиот куп во скијачки скокови во Планица. Ова висинско место нуди одлични услови за работа, а црвено-црните петтаа последователна година се одлучуваат главниот дел од подготовките да го реализираат токму на ова место. Покрај физичката и кондиционата подготовка на момците, ќе се работи паралелно во сала и теретана. Покрај Вардар, словенечкиот спортски комплекс го користат и многу други познати спортски клубови во Европа.

Од Крањска Гора, директно се упатуваме до Германија, каде на 11-ти август ќе го играме првиот контролен натпревар, а противник е тимот на Бершигер. Остануваме во оваа земја, каде на 12-ти август ќе бидеме дел од силниот турнир во организација на Гумерсбах. Истиов ден ќе играме против Рајн-Некар, додека другата двојка ја сочинуваат Фленсбург и домашниот тим. Победниците од овие мечеви, следниот ден ќе играат во финалето на турнирот. Најголемиот предизвик, Вардарци ги очекува во периодот од 24-27-ми август, кога ќе настапиме на светското првенство, “Супер Глоуб„ .