Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Познати можните противници на Вардар во плејофот од ЛШ, доколку црвено-црните го елиминираат Копенхаген

Познати можните противници на Вардар во плејофот од ЛШ, доколку црвено-црните го елиминираат Копенхаген

Вардарци имаат поволен резултат од првиот натпревар во Скопје и имаат голема можност да го елиминираат тимот на Копенхаген и да се пласираат во плејофот од лигата на шампионите. Таму веќе се познати потенцијалните противници за црвено-црните, само под услов, Вардар да излезе како победник во двомечот со шампионот на Данска. Селтик, Лудогорец, Олимпијакос, Бате Борисов и Салсбург се можни противници на Вардар, секако доколку и нашиот состав и овие тимови го поминат третото квалификациско коло.

Во среда кога игра и Вардар, ќе се одиграат сите реванш натпревари од третата рунда, по што ќе бидат познати сите екипи кои продолжуваат понатаму во плејоф разигрувањето. Ждрепката за плејофото од ЛШ, ќе се одржи на 4-ти август, во Нион со почеток од 12 часот.

Во среда, црвено-црните го играат можеби најважниот натпревар во историјата на клубот. Истиот започнува од 20 часот, со директен пренос на ТВ Нова.