Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Симоновски во периодот од 1950 до 1953 година забележа 75 настапи за тимот на Вардар на кои што постигна 25 погодоци

Историја: Симоновски во периодот од 1950 до 1953 година забележа 75 настапи за тимот на Вардар на кои што постигна 25 погодоци

69821_522163171158345_1550612004_n

КИРИЛ СИМОНОВСКИ – На 19 октомври 1915 година, во Скопје е роден Кирил Симоновски еден од најголемите великани не само на фудбалскиот клуб Вардар туку и севкупно на целиот македонски фудбал во периодот за време како и по завршувањето на втората светска војна.

Легендарниот Скопјанец во периодот од 1950 до 1953 година забележа 75 настапи за тимот на Вардар на кои што постигна 25 погодоци. Во неколку наврати славниот Џина беше именуван и за предводник на стручниот штаб, помагајќи му на клубот да се избори за своето место меѓу елитата на југословенската фудбалска сцена. 
Неговото јуначко срце престана да бие на 68-годишна возраст на 12 Јуни 1984 година во Белград. Во знак на благодарност кон неговите заслуги за развојот на фудбалот во нашиот главен град, долги години младинската школа при фудбалскиот клуб Вардар го носеше токму неговото име.