Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Петрушевска: Дафни Агиос Димитриос претставува голем предизвик и тест за мене,но спремна сум да се борам “лавовски”
Петрушевска: Дафни Агиос Димитриос претставува голем предизвик и тест за мене,но спремна сум да се борам “лавовски”

Петрушевска: Дафни Агиос Димитриос претставува голем предизвик и тест за мене,но спремна сум да се борам “лавовски”

Една од најдобрите вардарови кошаркарки, постојаната македонска репрезентативка, Јована Петрушевска ја очекува сериозен предизвик. Вардарката деновиве ќе реализира  интернационален трансфер во соседна Грција. По четири години во вардаровиот состав каде што се закити со шампионска титула и Куп пехари, дојде време за нов предизвик.  Има одлични игри зад себе, од репрезентативно ниво беше дел од селекциите У16 две години, и една година у18, од тогаш веќе 4 години кога се прикчучи на црвено-црните  е дел од  А-селекцијата на Македонија. Станува збор за млада кошаркарка со одличен квалитет, талентиран спортист кој вредно работи и напредува. Taa ќе игра за тимот од главниот град Атина, екипата на Дафни Агиос Димитриос. Вардар се разделува од една ведра девојка со посебна харизма која е спој на кошаркарската умешност и човечката ведрина. Пред нејзиното заминување разговараме на неколку теми.

241290439_10220163876509330_3367983251712656247_n

1. Имаш нов клуб, како дојде до соработка со Дафни и колкав договор имаш со грчкио тим:

-После потпишувањето  со агенцијата  „Elite Basketball Agents“ и соработка со грчки менаџер имав понуди од три клуба во првата лига во Грција како Лефкада, Гианена и Дафни Атхенс. Најпримамлива понуда и секако најсоодветна за мене после пробата беше на тимот Дафни од Атина, за истата се одлучив како најповолна.  Договорот ми трае една година со можност за продожување  на уште една година со тимот на АО Дафни Агиос Димитриос.

2. За вас и за сите мак.кошаркарки грчката лига е предизвик, колкава е разликата на таа во однос на нашата лига?

- Мислам дека се уште не сум доволно свесна за колкав предизвик станува збор навистина. Се подготвувам  цело лето и едвај чекам да заминам, финалните подготовки се во тек и веќе средина на септември сум таму, поточно за неколку дена. Во однос на разликата помеѓу нашата лига и нивна се уште не сум соодветна да зборувам, можеби е најдобро кога ќе искусам  на своја кожа која е разликата во квалитетот и професионалноста на лигата, но верувам дека се неколку скалила погоре и затоа се подготвувам, доста како физички така и на психички план за овој предивик. 

241474858_10220163875749311_6337165691440458165_n

3. Дали сметаш дека новиот клуб ти е „отскочна даска“ за понатамошна интернационална кариера и дали би се вратила назад во Вардар?

- Како прво играњето  надвор од Македонија верувам дека е на некој начин “отскочна даска”,  целиов ангажман би требало да помине време за да кажам дали би останала во истиот тим , град, држава па и воопшто дали би се вратила. Како повисока цел што си ја имам зацртано е да изградам некоја си подолгогодишна интернационална кариера, а враќањето и играњето  во Вардар ми е секогаш опција за назад дома,  после одличната соработка овие 4 години која ја имав со тимот од „Кале“.

241430171_10220163874109270_4647586380651197099_n

4. Заминуваш од Вардар, кои моменти ке ти останат во сеќавање од црвено-црната приказна?

-Ух, искрено заминувањето ми е доста тешко. Како што кажав во изминатото интервју, Вардарки ми се втора фамилија и разделбата после 4 сезони воопшто не ми е лесна. Секако ќе си останам во контакт со цела управа и играчи, моментално сум дел и од нивните подготовки за новата сезона на што сум им благодарна што ми излегоа во пресрет. За моменти во сеќавање, па искрено секој одигран дуел, секое патување надвор од Скопје, секое финале, освојувањето двојна круна и “Градиме Јако Јако” химната ми се врежани во срце. За крај велам, еднаш Вардарка, засекогаш вардарка-завршува Петрушевска.

241272883_10220163876869339_4508712861461938532_n