Вардар 1961 се соочува со голем проблем. Имено, поради повреда на зглобот Хрватот Анте Кудуз не отпатува денес со екипата за Норвешка.
Секако ова е еден голем проблем за Вујовиќ, бидејќи нема да игра еден од најдобрите играчи на тимот. Сепак, Вардар на таа лева бековска позиција ќе биде засилен за уште еден ракометар утре, а тоа е Кевин Њокас кој вчера го имаше првиот тренинг со новиот тим. Останува да видиме како ќе се покаже ,,новиот” Вардар на отворањето на новата сезона во ЛШ.
Натпреварот Елверум – Вардар 1961 се игра утре од 18:45 часот.