Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Пионерките на ЖКК Вардар лидери на табелата
Пионерките на ЖКК Вардар лидери на табелата

Пионерките на ЖКК Вардар лидери на табелата

Пет победи во пет натпревари се зад двете водечки екипи во М14 лигата во женскиот младински сегмент

Женската пионерска селекција на Вардар е најдобрата во првата фаза од М14 лигата. „Вардарки“ имаат пет максимални победи во исто толку одиграни натпревари пред паузата и во оваа возрасна конкуренција.

Зад нивниот, е ефектот на екипата на Баскет Кам 2011, изразен преку четири победи и еден пораз.

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД М14 ЛИГА-ЖЕНИ-ГРУПА „1“

Потполно иста е ситуацијата во групата „2“, каде лидерска е екипата на Бадел 1862. Девојчињата во „сино-жолта“ комбинација на дресот исто така се на ефект од пет победи во пет натпревари.

Зад нив е екипата на Струга 2009 која има четири победи и еден пораз во досегашните одиграни мечеви.

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД М14 ЛИГА-ЖЕНИ-ГРУПА „2“