Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Триумф во гости со максимални 0-3 кај Весна Пробиштип, OK Вардар обезбеди плеј-оф со 6 победи по ред

Триумф во гости со максимални 0-3 кај Весна Пробиштип, OK Вардар обезбеди плеј-оф со 6 победи по ред

Одбојкарите на Вардар забележаа нова победа во првата одбојкарска лига на Македонија откако во заостанатото 9.коло ја победија екипата на Весна Пробиштип нагости со убедливи 3-0 во сетови. На тој начин црвено-црните стигнаа до 6-тата победа по ред и со 18 бода го завршија првиот дел од шампионатот.

Избраниците на тренерот Марјан Трајковски немаа поголеми проблеми и во овој дуел против Весна Пробиштип и во три сета успееја да стигнат до нови три бода во првенството.

Вардарци во ниту еден момент не дозволија да им се приближат противниците во сите три сета и на убедлив начин ја запишаа шестата победа во низа и да го освојат 5-тото место во првиот дел од сезоната.

ОК ВАРДАР победија со убедливи 3-0 по сетови 25:14, 25:14, 25:15 и со веќе 18 бода обезбедија место во плејофот кој ќе стартува во месец февруари следната 2022 година.

Во Втората фаза-1 најдобрите шест екипи ќе минат десет кола според принципот „секој со секого“.