Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија го победи Кувајт, Талески втор најдобар стрелец, Томовски имаше 6 одбрани
Македонија го победи Кувајт, Талески втор најдобар стрелец, Томовски имаше 6 одбрани

Македонија го победи Кувајт, Талески втор најдобар стрелец, Томовски имаше 6 одбрани

Македонската ракометна репрезентација го победи Кувајт, на пријателски натпревар кој се одигра во Маврово. Избраниците на Кирил Лазаров триумфираа убедливо со резултат 31:21.

На овој натпревар настапивме без неколку искусни ракометари, но сепак Македонија беше преголем „залак“ за репрезентацијата на Кувајт. Противникот одржуваше резултатска рамнотежа само во првото полувреме, кога на одмор се замина со предност од само еден гол за Македонија (14:13).

На стартот од вториот дел со серија од неколку погодоци се одлепивме на високи осум гола од Кувајт, па до крајот на натпреварот имавме контрола на резултатот.

Од вардаровите играчи, Филип Талески, беше втор најдобар стрелец со 5 постигнати голови, додека Гоце Георгиевски постигна 3. На голот Мартин Томовски одбрани 6 удари.