Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Интервју со Јаничиќ: Во нашиот Вардар ЕМ вложувавме многу во девојките кои се иднината на овој спорт
Интервју со Јаничиќ: Во  нашиот  Вардар ЕМ вложувавме  многу во девојките кои се иднината на овој спорт

Интервју со Јаничиќ: Во нашиот Вардар ЕМ вложувавме многу во девојките кои се иднината на овој спорт

ЖОК Вардар ЕМ е есенски хит во македонската женска одбојкарска конкуренција, овој млад колектив кој прв пат игра во сениорска лига е лидер за време на зимската пауза. Неговите млади одбојкарски екипи во младинските лиги „жнеат“  успеси оваа есен од сезоната 2021/2022 година. Покрај тоа имавме и голем број на повикани репрезентативки во младинската селекција. Ви носиме интервју со „срцето“ и „крвотокот“ на оваа црвено-црна одбојкарска екипа.

Јаничиќ за време на играчката кариера

Јаничиќ за време на играчката кариера

Разговараме со веројатно најзаслужната личност во оваа екипа, главниот тренер и раководител на екипата, Емилија Јаничиќ (претходно Мојсовска, моминско по кое беше позната и во мак.одбојката). Нејзиното одбојкарско „СV” е во најмала рака кажано пребогато и преобемно за опишување, личност која е дел од основањето на женскиот одбојкарски спорт во независна Македонија од раните 90-ти до денес. Како играч има голем број на клубови во  криерата која  ја започнува во  АЖОК Студент од Скопје  каде настапува од 1989 до 1994 година. Најголем дел од играчката кариера минува во  ЖОК Работнички Фершпед (1994-2001 год), потоа е член на  ОК Кометал Студент (2001-2003 год) и  ОК Форца Волеј  кога овој тим започна да игра значајна улога во мак.одбојата од 2007 до 2009 година. Кариерата ја завршува со настап во тимот на  ОК Гњилане во соседно Косово (2009-2010 година).

Кога сме кај трофеите има дузина на тимски и лични признанија, има неверојатни 18 пехари во кариерата. Зад своето име има освоени 8 шампионски и дури 10 Куп титули. Ги брани боите од основањето на македонската одбојкарска репрезенација во 1990 година, најпрвин во  младинска, секако потоа долго време и во сениорската мак.селекција.  Исто така има огромен број на лични признанија, повеќе пати прогласувана за најкорисен играч (МВП) на завршните финални турнири за Куп или првенство и секогаш во потесниот избор на најуспешните одбојкарки од државава.

На тренинг на ЖОК Вардар ЕМ

На меч на ЖОК Вардар ЕМ

По крајот на кариерата запловува во тренерските води, каде е еднаков успешна како и како одбојкарка. Во 2018 гододина е селектор на кадетската репрезентација на Балканско првенство, следната 2019 година е  селектор на понерска репрезентација на Балканско првенство. Оваа, 2021 година  е прв тренер на младинската репрезентација  која настапи на Балканско првенство. Нормално сегашните успеси со ЖОК Вардар ЕМ се нешто блескаво, лидер е во сениорската втора лига со тим кој е половина кадетски половина младински, одлично котираме и во младинската и кадетската лига под нејзино водство. Треба да се напомене дека  нејзиното прво  искуство во работа со деца датира во минатиот век,  поточно  од  веќе далечната 1999 година.

Ветеранките на Работнички

Ветеранките на Работнички

Уште еден интересен факт треба да донесеме за  Емилија Јаничиќ во ова претставување, таа до пред прекинот во целиот спорт поради светската пандемија со Ковид-19 со ветеранките на ОК Работнички настапуваше обично два пати годишно на турнири. Истите се играа Србија, Хрватска, Црна Гора, Чешка и секаде и во оваа возраст мак.одбојкарките и  Јаничиќ успеваа да соберат пехари на речиси сите собири.

-На почетокот од Јаничиќ побаравме да не запознае со тренерскиот  и играчкиот кадар кој го поседува  тимот. Пота со  целите, визиите и остварените успеси на нашата екипа, за сето тоа таа вели: 

 *Тимот полека почнавме да го градиме во 2016 година,кога за прв пат направивме селекција од одбојкарки од повеќе училишта во кои трениравме и пријавивме наша екипа да се натпреварува во категорија пионерки во сезоната 2016/2017 . Иако таа година во пионерска категорија се натпреваруваа девојчиња родени 2002 год. и помлади, нашиот ростер на играчи 90% беше составен од одбојкарки родени 2004/2005 год. Со оваа генерација во сезоната 2017/2018 станавме шампиони во пионерското државно првенство при ОФМ. Од тогаш редовно настапуваме во сите категории во младинските државни првенства ( младинки, кадетки,  пионерки) и секогаш сме во врвот и учествуваме на завршните Ф4 турнири скоро со сите селекции. Во текот на сите овие години во тимот покрај нашата, некако се направи и природна селекција. Иако девојките се доста млади, како играчи останаа да се калат оние најупорните. Така во оваа натпреварувачка сезона наши главни актери на теренот во сениорска конкуренција се одбојкарки родени 2004/2005 година (младинки), потпомогнати од две одбојкарки родени 2002/2003 година. На оваа селекција додаваме и наши помлади одбојкарки 2006/2007 година (кадетки), за кои сметаме дека се перспективни и можат многу да напредуваат во иднина.
268883518_646195843222526_8852571213515518547_n
Со овие девојки од самиот почеток работиме и заедно се вложуваме јас и мојата „десна рака’ Мирјана Стефановска, која исто така е поранешна одбојкарка и репрезентативка. Иако како карактери сме доста различни, на терен премногу добро комуницираме и соработуваме, без разлика кој и да стои покрај аут линијата. На тренинзите редовно со сите одбојкарки и во нашата школа за одбојка и со сите селекции секогаш работиме заедно. Од оваа година на нашиот тренерски кадар се приклучи нашиот тренер за физичка подготовка,  Трајче Богданоски, кој ни помага во подигнување и одржување на спортската форма кај девојките.
.
Не е лесно да се одлучи клубот на голем чекор како што е влегувањето во сениорска лига, со млади девојки во деби сезона во која се уште нема „ваучер“ за функционирање, сепак вардарки ги минаа сите „породилни маки“ и се покажа како одлична одлуката да настапуваат во 2.лига каде се и лидери.
.

 Од самиот старт нашате цел беше од година во година да растеме како екипа и да создадеме тим од наши домашни перспективни играчи,кој заедно со нас ќе созрева и ќе може да одговори на предизвиците кои ќе следат. Посветено и трпеливо работевме со нашите девојки и одлучивме дека оваа натпреварувачка сезона 2021/ 2022 е година во која можеме и треба да си ги пробаме нашите сили во сениорското државно првенство, иако екипата во најголем дел е составена од младинки и неколку кадетки.

2

Тука секако морам да спомнам дека голем проблем беа и финансиите, бидејќи знаеме дека спортот кај нас функционира преку ваучер системот, а нашата екипа се уште нема ваучер. Оваа година наидовме на разбирање од страна на големи луѓе (кои тука нема да ги спомнам) и успеаа да одвојат средства и решија да инвестираат во нашата екипа. Се се сведе на нивната добра воља, за што сме им премногу благодарни.

Вардарки  во моментов се лидери на втората лига, по есенскиот дел тие успеаа да се искачат на тронот и да одат на „зимување“ како есенски шампиони. Како е задоволен стручниот штаб на црвено-црната екипа од она што го постигнаа во дебитанската полусезона читаме во продолжение.
Оваа сезона во канцеларијата на ОФМ во државното првенство за сениорки имаше пријавено вкупно 17 екипи. Така ОФМ одлучи за првпат да се формира и Втора државна лига-жени. Во Првата државна лига според минатогодишниот пласман останаа првите 8 екипи, а 6 екипи се преселија во Втората државна лига, на кои се придодадоа уште 3 екипи заедно со нашата, како прв пат пријавени во едно сениорско натпреварување.
267144092_653421338993667_8791233719800951747_n
Моментално сме есенски шампиони и ќе продолжиме кон нашата цел која си ја зацртавме пред почетокот на сезоната, а тоа е влез во Првата државна лига. Знаеме дека располагаме со перспективни млади играчи и можеби е подобро што преку оваа лига ќе го собираат своето играчко искуство и ќе растат како играчи. Во есенскиот дел на натпреварите иако имавме свои подеми и падови, сепак во 8 натпревари успеавме да оствариме 7 победи и само 1 тесен пораз, на кој пак успеавме во гости да освоиме значаен бод кој не однесе на првото место на табелата.
.
Вардар не штеди средства и многу вложува во младите одбојкарки, тие се пријавиени во сите три лиги (младинки, кадетки и пионерки). Нивните настапи се делеку од епизодни, ние бележиме успеси, Јаничиќ ни дава подетална слика за одличните резултати кои ги бележи нејзиниот тим.

Оваа натпреварувачка сезона секако не ги изоставуваме и младите категории. Покрај Втората државна лига се натпреваруваме и во сите млади категории (младинки, кадетки и пионерки). Поради големиот број на пријавени екипи (20-25 во секоја категорија посебно), првата фаза од натпреварите се одвива турнирски по извлечената ждрепка од страна на ОФМ.  Така во групата на младинки ( 2004 год. и помлади) имаме 6 победи од исто толку одиграни натпревари и сме на првото место на табелата, во групата на кадетки (2006 год. и помлади) имаме 3 победи од 4 одиграни натпревари, а во групата на пионерки (2008 год.и помлади) имаме 2 победи од 4 одиграни натпревари. Сметам дека навистина се вложуваме во млади играчи, дури и повеќе од тоа што ни дозволуваат условите,но за повеќе успеси недостасуваат уште многу фактори.

 266510527_272145348237575_7910403237834559444_n
Она што радува е дека  црвено-црниот тим има голем број на квалитетни девојки, па следеа за нив и повици за македонската селекција. Она што додатно е комплимент за работата во вардароиот состав е тоа што играат значајна улога во селекција. 
.
Задоволни сме што нашиот клуб секоја година дава повеќе репрезентативки. Некои од нив се носители, а некои пак се на поширокиот список во младинските репрезентации. За минатото Балканско првенство У19 на поширокиот список се најдоа 5 наши одбојкарки, од кои 3 не претставуваа на Балканијадата во Р.Србија.
.
По кратката зимска пауза ќе започнат подготовките за пролетниот дел, вардарки имаат отворен пат во сите четири конкуренции кон врвот. Во продолжение следат очекувањето на вардаровиот тим за настапот на нашите девојки во вториот дел, пролетната етапа од сезоната.
3

Сигурно дека имаме големи очекувања во пролетниот дел, иако ни претстојат уште многу натпревари. Со сениорската екипа очекуваме да се бориме и да влеземе во Првата државна лига (доколку ни дозволат, а за ова ќе коментирам во некоја друга прилика). Тоа беше и останува наша цел уште пред пријавувањето на екипата. Со младинската екипа како шампиони и вице-шампиони, очекуваме повторно да се бориме за титулата, во категорија кадетки исто така пласман на завршниот Ф-4 турнир. Пионерската екипа во голем дел се сведува на почетници со кои допрва треба многу да работиме, поради тоа што пандемијата и затворените сали си го направија своето.

Јаничиќ на тренинг на мак.селекцијата

Јаничиќ на тренинг на мак.селекцијата

267740634_1590303568008418_3002019763739139422_n

Во следната, 2022 година  претстојат репрезентативни натпреварувања, од нашиот тим има девојки кои се членови на црвено-жолтата селекција. Вардаровиот тренер, и тренер во мак.селекцијата за крајот на ова интервју ни  ги појаснува деталите околу сето тоа.
 
Ова лето следи Европското првенство У19, на кое нашата репрезентација како домаќин ќе има директно учество. Во месец август во 2020 година се направи поширока селекција, во која се наоѓаат 5 одбојкарки од нашиот клуб. Полека почнавме со подготовки и собири по неколку дена еднаш месечно, но наеднаш се прекина и останавме без селектор од за мене непознати причини. Се надевам дека во брзо време ќе се направи реорганизација за што подобри подготовки и претставување на нашите девојки на престојното Европско првенство во 2022 год- завршува Јаничиќ.
 
 

Стучниот штаб на селекцијата на Република Македонија

Стручниот штаб на селекцијата на Република Македонија