Календарската 2021 година кошаркарките на Бадел 1862 ја завршуваат како непобедливи. И по 11. коло, актуелниот вицешампион го задржа максималниот ефект. Во последното коло од оваа година, „баделки“ славеа нов, убедлив триумф (93:61), на гостувањето кај Работнички.
Многу потешка победа реализираше актуелниот бранител на титулата. Кошаркарките на Баскет Кам 2011 стигна до победата против МЗТ Скопје Аеродром, но многу потешко од очекувањата (73:65), па сезоната ја завршуваат со ефект (9-2). Ист како што има и екипата на Вардар, која во овој круг од натпреварите лесно ја совлада младата екипа на Крива Паланка (86:65).
Приклучок со водечките држи и екипата на Струга 2009 која делуваше убедливо во мечот против кавадаречки Пробаскет (69:48).
Следното првенствено коло во Првата лига-жени ќе се одигра на 22.јануари, 2022 година
ПРВА „А“ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО
Струга 2009 – Пробаскет 69:48
Работнички – Бадел 1862 61:93
Вардар – Крива Паланка 86:65
МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 2011 65:73
ТАБЕЛА:Бадел 1862 22, Вардар 20, Баскет Кам 2011 20, Струга 2009 18, Крива Паланка 15, Работнички 13, МЗТ Скопје Аеродром 13, Пробаскет 11;
ИДНО КОЛО (22.01.2022)
Пробаскет – Работнички
Крива Паланка – Струга 2009
Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром
Баскет Кам 2011 – Вардар