Кадетите на РК Вардар во последниот дуел во 2021 година гостуваа кај тимот на МРК Куманово во истоимениот град. Избраниците на Пепи Манасков на дуелот одигран во салата „Христијан Тодоровски-Карпош“ во дојдоа до победа.
Вардарци успеаа да почетното испитување на силите полека да се одлепат во однос на кумановчани. Од минута во минута ја зголемувавме предноста, па на одмор заминавме со комотни шест гола повеќе од домашниот тим, на семафорот за време на паузата беше 9-15 за црвено-црните момци. Во вториот дел успеавме да ја одржуваме позитивата на 5-6 гола и да не дозволиме на противникот да не загрози, победивме со седум гола повеќе. Триумфот на овој кадетски натпревар од четвртото коло од групата-В дојде со резултат 20-27.
Одигравме оваа есен 4.коло, на пролет ќе остане да се доигра 5то коло по кое ќе биде завршен првиот круг од групата, потоа следат вториот круг каде сите тимови ќе ги одиграат реванш дуелите. На пауза заминуваме со 9.бода и сме на втората позиција со само бод заостанување зад лидерот РК Алкалоид кој има 10.бода досега.