Вчера во кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар-Скопје пред сениорскиот дуел помеѓу нашиот КК Вардар и екипата на КК 18-ти Август 2016 се одигра дуелот на двете јуниорски екипи. Вардаровата јуниорска надеж успеја да триумфира на ова соочување против своите врсници. После нив победа однесе со 7-1 и сениорскиот тим на Вардар, за тој дуел поопширно може да прочитате-овде.
Црвено-црните избраници на Драги Димитровски однесоа победа со вкупни 4-0 во овој натпревар. Јуниорите на нашиот тим имаа 627 “соборени дрва“, а младите надежи на 18-ти Август имаа помалку 72 чуња од нас , или соборија 555 “дрва“. Во нашиот табор настапија Љупчо Митиќ кој впиша скор од 234 зад своето име по три патеки,потоа беше заменет, резерва во нашиот табор беше М.Костадинов кој собори 88 “дрва“ на 15 кугли., апак Мартин Митиќ имаше 305 “соборени дрва“.
Ова е петти настап за вардаровите јуниори во кугларската лига за надежи, тие имаат четири победи и само еден пораз во своите натпревари досега одиграни. За нив до крајот на сезоната ги очекуваат три меча, тие ќе играат секогаш пред мечевите на сениорските состави освен со КК Хераклеа бидејќи тимот од Битола нема своја јуниорска екипа оваа сезона која ќе се натпреварува.