Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Распоред за дуелите на младите ракометни машки и женски екипи на Вардар
Распоред за дуелите на младите ракометни машки и женски екипи на Вардар

Распоред за дуелите на младите ракометни машки и женски екипи на Вардар

Викендов е резервиран за натпревари ви младинските лиги на женските и машките ракометни екипи на нашиот Вардар. Тие овој викенд ќе одиграат нови кола во своите првенства, за термините, нивните противници, локациите може да прочитате во продолжение.

Младинците на Вардар предводени од Чивлачки и Грчевски  утре со почеток во 15-30 часот ќе ја пречекаат екипата на  РК Еврофарм Работник од Битола. Тие својот дуел ќе го одиграат во салата Кале.
Младинската екипа на Вардар Јуниор предводена од Пепи Манасков ова коло ќе игра на гости. Црвено-црните гостуваат во сабота во салата “Автокоманда“.  Наш противник е тимот на РК Металург.
Во Кадетска лига Вардар ќе гостува на Младинец. Дуелот ќе се игра во недела, на  26 март со почеток во  18-00 часот.
Пионерскиот состав на РК Вардар предводен од Адријана Будимир овој викенд е слободен и нема да одигра првенствено коло.
Кадетките на Вардар СЦЈС го пречекуваат тимот на Кичево, тие својот меч го играат утре, сабота. Избраничките на Платон и Кузмановска  се домаќини во спортскиот центар “Кале“. Мечот почнува со почеток во 13 часот и 30 минути.
Кадетките на ЖРК Вардар предводени од Пецевска во недела со почеток во 13-00 часот ќе ја пречекаат екипата на ЖРК Куманово. Тие својот меч ќе го одиграат во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“-Скопје.