Одредени се датумите и точното одигравање на натпреварите во рамките на Ф4 завршниот турнир во СЕХА лигата.
Ф4 турнирот во СЕХА лигата ќе го отвори нашиот Вардар, каде во 1/2 финалето силите ќе ги одмери со тимот на ППД Загреб. Овој натпревар ќе биде одигран во 16 часот и 30 минути на 7 април. Во второто полуфинале Мешков Брест и Веспрем ќе се соочат во 19 часот.
Два дена потоа, на 9 април треба да се одиграат и финалните натпревари. На овој турнир домаќин ќе биде тимот на Мешков Брест од Белорусија.
Вардар досега двапати ја има освоено СЕХА лигата, се надеваме на трет трофеј годинава.