Во текот на вчерашниот ден во кугларницата “Мусандра“ при Градскиот трговски центар-Скопје се одигра сениорскиот дуел помеѓу нашиот КК Вардар и екипата на КК 18-ти Август 2016. Во овој дуел избраниците на Драги Димитровски беа далеку поуспешни, тие ја оправдаа улогата на фаворит и триумфираа со 7:1.
Црвено-црните во сетови однесоа победа со 16:8, вардарци соборија 3243 “дрва“ или 131 повеќе од екипата на 18-ти Август која имаше екипен скор од 3068 “соборени дрва“. По првиот дуел отворивме со 2-0 за нас, поени освоија Марјан Згонц и Димитар Димитровски. Димитар успеа да собори 546 (359+187), а Згонц зад своето име впиша скор од 529 (371+168) “соборени дрва“. Во вториот дуел кај нас натпреварувачкиот пар беше Геор Поп-Крстев и Миле Димовски. Во овој втор дуел Поп Крстев имаше 565 (376+189) “дрва“ што беше најдобар скор од сите вардарци на овој дуел. Тој освои поен, а Димовски беше поразен во дуелот со Ѓорѓиев, тоа беше единствениот поен за гостите. Искусниот Димовски собори 519(358+159) “дрва“. Последен пар беа младите Дарко Димитровски и Младен Донковски, тие успеаа да бидат повешти од своите противници и освоија поен за Вардар. Донковски победи 3-1 во сетови и забележа 544(359+185) соборени чуња, Дарко кој по подолго време одигра на ниво, впиша зад своето име 542(356+186). Со оваа победа се задржавме на вицешампионската позиција во Македонската кугларска лига.
Пред одигрувањето на овој дуел се одигра и јуниорската средба помеѓу двата тима, во истата вардарци дојдоа до победа со 4-0. Повеќе за истата може да најдете на нашиот веб сајт- овде. Следен противник за Вардар е битолска КК Хераклеа, ние тој дуел ќе го играме на гостински терен.