Во сабота и недела ќе се одигра третото пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за Вардаровите генерации ќе биде екипата на Милано. Пионерските екипи ќе бидат домаќини на теренот на академијата, додека кадетите и младинците ќе гостуваат во Куманово.
Помладите пионери ќе се обидат да стигнат до втората пролетна победа, откако во минатото коло беа поразени од тимот на Пелистер. Оваа генерација на Вардар неможе сеуште да ја пронајде вистинската форма, па секоја победа до крајот на сезоната за нив ќе значи искачување во горниот дел од табелата. Без оглед на тоа, црвено-црните се фаворити на овој меч бидејќи Милано се наоѓа на претпоследното место на табелата во оваа категорија. На првиот меч одигра во есенскиот дел двете екипи одиграа со нерешен резултат (0:0). Натпреварот ќе се одигра во сабота на теренот на академијата со почеток од 11 часот.
Пионерите немаат веќе право на грешка и утре ќе атакуваат на првиот триумф во пролетниот дел од сезоната. Избраниците на Сашо Тодоровски забележаа два порази на стартните два меча и веќе заостануваат седум бодови од екипата на Шкупи и два од тимот на Шкендија. Во есенскиот дел го добивме Милано во Куманово со резултат 0:3. И во оваа генерација Милано е претпоследен, па ова е добра шанса за црвено-црните да стигнат до победа. Дуелот е закажан за сабота од 13 часот на академијата.
Кадетите во недела од 12 часот гостуваат во Куманово, на врсниците од Милано. Ова е важен дуел за црвено-црните во борбата за титулата со екипата на Работнички. Избраниците на Колев покажаа дека се наоѓаат во добра форма на стартот од пролетниот дел, освојувајќи четири бодови. Во првиот дел од сезоната го победивме Милано со резултат 2:0. Во оваа категорија Милано се наоѓа на средината на табелата и е една од подобрите нивни генерации.
Веднаш после нив од 14 часот на истиот терен натпревар ќе одиграат и младинските екипи на Милано и Вардар. Избраниците на Марковски во пресрет на овој меч се наоѓаат на првото место на табелата, со два бода повеќе од Шкендија. Во есенскиот дел Вардарци на домашен терен триумфираа со убедливи 3:0. Квалитетот е на страната на Вардар, кој треба да оправда и улогата на фаворит да ја докаже на теренот.
Во недела на теренот на академијата натпревари ќе одиграат и Вардаровите генерации родени “2002“ и “2003“ година против екипата на Башкими. Натпреварите ќе започнат од 10 и 12 часот.