Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Во последниот меч од регуларниот дел денес Вардар Јуниор гостува на РК Пелистер
Во последниот меч од регуларниот дел денес Вардар Јуниор гостува на РК Пелистер

Во последниот меч од регуларниот дел денес Вардар Јуниор гостува на РК Пелистер

Екипата предводена од Стојан Петрушевски, младиот вардаров сениорски колектив, РК  Вардар Jуниор денеска ќе го  одигра последниот меч од регуларниот дел од сезоната во машката Супер Вип лигата. Црвено-црните надежи денес гостуваат во ова последно коло во градот  Битола кај екипата на Пелистер.

Мечот вечерва ќе се игра со почеток во  18-00 часот, истиот нема големо натпреварувачко значење за нас бидејќи во следната фаза вардаровиот тим  ќе разигруваат во плеј аутот сегментот. Во истиот ќе се води  борбата за опстанок се екипите што се пласирани по крајот на регионалниот дел од 5-то  до последното место на табелата. Познати се ривалите веќе кој со Вардар јуниор ќе играат во плеј аут. Тоа се екипите на: Прилеп, Радовиш, Пролет, Металург 2 и Работнички. Во плеј аут делот се пренесуваат освоените бодови од натпреварите на екипите со кои повторно ќе играме, одноно нашите ривали  што играат во плеј аутот. По крајот на  плеј аут фазата, последнопласираниот тим директно испаѓа од лигата, а претпоследниот ќе игра бараж натпревар со второтпласираниот од Прва лига.