Поради репрезентативни настапи црвено-црниот фудбалски тим нема натпревари во следниот период. Нашиот тим тренира со речиси преполовен состав, откако голем број на наши членови добија покани за репрезентативни настапи за своите селекеции. По паузата не очекува екстра густ распоред.
Нашите момци за речиси месец дена односно во период од 2-ри април до 7-ми мај ќе одиграат дури десет натпревари. Покрај викенд мечевите, речиси секоја среда нашите момци ќе играат натпревар од лигата или од Купот на Македонија. Од овие десет дуела девет се во првата лига и еден е реванш во Тетово со ФК Шкендија во 1/2-финалето од најмасовното натпреварување. Распоредот за периодот по паузата изгледа вака:
- 02/04 ФК Вардар- Работнички, меч од ПМФЛ
- 05/04 Ренова-ФК Вардар, меч од ПМФЛ
- 09/04 ФК Вардар-Пелистер, меч од ПМФЛ
- 16/04 Силекс- ФК Вардар, меч од ПМФЛ
- 19/04 Шкендија- ФК Вардар, меч од Куп на Р.М
- 23/04 Шкупи-ФК Вардар, меч од ПМФЛ
- 26/04 Шкендија-ФК Вардар, меч од ПМФЛ
- 30/04 ФК Вардар-Победа, меч од ПМФЛ
- 03/05 Брегалница-ФК Вардар, меч од ПМФЛ
- 07/05 ФК Вардар- Македонија Ѓ.П , меч од ПМФЛ