Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Следните две недели, Вардарки ќе бидат дел од вториот и третиот турнир во регионалната лига
Следните две недели, Вардарки ќе бидат дел од вториот и третиот турнир во регионалната лига

Следните две недели, Вардарки ќе бидат дел од вториот и третиот турнир во регионалната лига

Екипата на ЖРК Вардар во наредниве две недели ќе биде дел од вториот и третиот турнир во регионалната лига. Претходно знаеме дека првиот турнир се одигра во Подгорица. Оваа сабота и недела на програмата е вториот турнир во регионалната лига кој ќе се одигра во Подравка. Според програмата во сабота ќе играме со домашниот тим на Подравка (18:30), додека во недела силите ќе ги одмериме со екипата на Будуќност (16:00).

Веќе следниот викенд, на 1 и 2-ри април патуваме за Љубљана, каде домаќин на третиот турнир е тимот на Крим Меркатор. На овој турнир ќе играме против екипите на Крим и Подравка.

Овие натпревари ќе бидат силна подготовка за црвено-црните, пред одигрување на четвртфиналниот дуел против тимот на Митјиланд. Првиот на програмата е на 9-ти април, кога Вардарки гостуваат во Данска, додека една недела подоцна е закажан реваншот во ССкопје.