Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар со победата над Ангели останува лидер
КК Вардар со победата над Ангели останува лидер

КК Вардар со победата над Ангели останува лидер

Екипата на Вардар останува на првото место на табелата во Втората лига откако во локалното скопско дерби, на гостински терен, беа подобри од екипата на Ангели (73:65). Доволно за скор (10-2), и задржување на предноста во однос на првиот конкурент.

Во овој случај, екипата на Соколи 1933 која на свој паркет, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип убедливо го порази МЗТ Скопје Уни банка (69:49). За скор (9-3) и второ место на табелата од кое со поразите се одалечија и Ангели, но и екипата на Работнички 2018 која запиша убедлив пораз на гостувањето кај МКК Куманово (60:82). Победа со која составот од Куманово (скор 7-5) се доближи до овие две екипи кои имаат учинок од осум победи и четири порази.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

МКК Куманово – Работнички 2018    82:60

Соколи 1933 – МЗТ Скопје Уни Банка           69:49

Ангели – Вардар   65:73

Шкупи – Црн Дрим          85:60

Баскет Кам – Борец Баскет       64:68

31.ЈАНУАРИ (ВТОРНИК):

15.00: Водно Санс – ГКК Охрид

СЦ „Борис Трајковски “ – Скопје

ТАБЕЛА: Вардар 22, Соколи 1933 21, Ангели 20,  Работнички 20, МКК Куманово 19, ГКК Охрид 18 (-1), МЗТ Скопје Уни Банка 17, Шкупи 17, Водно Санс 16 (-1), Борец Баскет 17, Баскет Кам 14, Црн Дрим 12;

ИДНО КОЛО (04.02)

ГКК Охрид – Ангели

Вардар – Соколи 1933

Работнички 2018 – Шкупи

Борец Баскет – Водно Санс

МЗТ Скопје Уни Банка – МКК Куманово

Црн Дрим – Баскет Кам