Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Порази за лидерите, ЖКК Вардар и Баскет Кам

Порази за лидерите, ЖКК Вардар и Баскет Кам

zkk2

Нема веќе непоразени екипи во Првата женска лига. За тоа најголем „виновник“ е екипата која го брани шампионскиот пехар – Бадел 1862. Која го победи својот најголем конкурент во изминатите години – Баскет Кам 2011, инаку лидерот во домашното првенство. И тоа на гостински терен, во натпревар кој се играше во салата на СРЦ „Кале“, макар и минимално (66:65).

Одлучувачка за конечниот победник беше серијата (19-4) која „траеше“ од крајот на втората и почетокот на третата четвртина по која „баделки“ поведоа со (40:34). А до истекот на третиот дел од играта, имаа и +10 (52:42).Во драматичните секунди, бранителот на титулата го издржа притисокот и дојде до важен триумф во борбата за пласман во плеј-офот. Американската интернационалка Катлин Метју која ги одигра сите 40 минути и постигна 27 поени и 16 скока. Димитријевиќ постигна 17, а Лазареска со 12 поени. Во тимот на Баскет Кам 2011, Цветанка Димова постигна 16, а Сања Адамоска уште 13 поени.

Изненадување направи екипата на Крива Паланка која на домашен терен го победи Вардар со (75:71). Девојките во „црвено-црна“ комбинација водеа во поголемиот дел од натпреварот. Но на средината од последната четвртина домашните кошаркарки израмнија на (63:63) и во финишот дојдоа до победата.

Шамека Мекнил беше енигма за одбраната на Вардар. Постигна 38 поени дополнети со седум асистенции и шест освоени топки. Михаела Алексовска додаде 16 поени, Глухавичанин уште 12 поени. Кај Вардар, Едина Муса оствари дабл-дабл со 21 поен и 10 скока, а Зафирова реализираше 16 поени. Убедлива победа остварија кошаркарките на Струга 2009 во дуелот против кавадаречки пробаскет (92:44).

Американката Ли запиша двоен ефект изразен со 27 поени и 17 скока, сличен беше и учинокот на младата Модева, која на 15 поени додаде и 11 скока, Зендели заврши со 13, а Стојановска уште 11 поени за домашната екипа.

Во гостинската Стоева запиша 15, а Јовановиќ уште десет поени.

zkk

Се поблиску до врвот се и кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром кои во овој 10. круг од натпреварите славеа победа против Гризли (72:51).

На табелата, лидер остана Баскет Кам 2011 со биланс од девет победи и еден пораз. А од третата до шестата позиција се четири екипи, Бадел 1862, МЗТ Скопје Аеродром, Струга 2029 и Крива Паланка се на само еден бод разлика.

Во групата „Б“, смена на лидерската позиција. Екипата на Патриот 2016 победи на гостински терен во Гостивар (73:56), и го искористи поразот на водечкиот Шкупи на гостински терен од ЖКК Куманово (57:63).

По 12 одиграни кола екипата од Делчево има победа повеќе од екипата од Чаир во трката за првата позиција која носи бараж дуели за место во групата „А“.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО

Крива Паланка – Вардар           75:71

Баскет Кам 2011 – Бадел 1862 65:66

МЗТ Скопје Аеродром – Гризли          72:51

Струга 2009 – Пробаскет           92:44

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 19, Вардар 17, Бадел 1862 16, МЗТ Скопје Аеродром 15, Струга 2009 15, Крива Паланка 15, Гризли 12, Пробаскет 10;

ИДНО КОЛО (04.02)

Баскет Кам 2011 – Крива Паланка

Гризли – Вардар

Бадел 1862 – Струга 2009

Пробаскет – МЗТ Скопје Аеродром

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

Гостивар – Патриот 2016           56:73

ЖКК Куманово – Шкупи 63:57

Риниа – Пониква  49:63

Спорт Тим – Пелистер    45:64

Јанбор – слободен

ТАБЕЛА: Патриот 2016 21, Шкупи 20, Јанбор 18, Пониква 2022 16, Гостивар 2009 16, Пелистер 15, Куманово 2020 13, Риниа 11, Спорт тим 11;

ИДНО КОЛО (04.02)

Пелистер – Риниа

Пониква 2022 – ЖКК Куманово

Шкупи – Гостивар 2009

Патриот 2016 – Јанбор

Спорт тим – слободен