Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Куглање: Вардар-Б со победа над Пелистер Пин во 1.коло во 2023
Куглање: Вардар-Б со победа над Пелистер Пин во 1.коло во 2023

Куглање: Вардар-Б со победа над Пелистер Пин во 1.коло во 2023

Вардар-Б во првото коло од 2023 година од Македонската кугларска лига гостуваше во Битола кај тимот на ЖКК Пелистер ПИН. Црвено-црните беа подобри од дамите во зелено-бела комбинација со резултат 1-7.

За нас поенираа Ивица Петревски, Влатко Гиевски, Зоран Ристиќ, Влатко Стојановски и Мартин Митиќ. Ние соборивме 3156 “дрва“ наспроти 3125 на ривалките. Вардарци освоиа 15 сета наспроти 9 на ривалот. Во ова коло тимот на Вардар-А не настапи поради одложување на дербито против Макпетрол-А.