Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Не одигравме добар натпревар – Георгиевски: Противникот ги казни нашите грешки
Стоилов: Не одигравме добар натпревар – Георгиевски: Противникот ги казни нашите грешки

Стоилов: Не одигравме добар натпревар – Георгиевски: Противникот ги казни нашите грешки

Вардар загуби на гостувањето кај екипата на Татран Прешов, на натпревар од првото коло во СЕХА-лигата. Црвено-црните не одиграа добро и на крајот загубија со резултат 27:23.

Своите впечатоци од првиот натпревар за оваа година ги споделија капитенот Стоилов и крилото Георгиевски.

„Уште сме во подготвителен период затоа што многу играчи сега дојдоа од репрезентативни обврски. Нашиот тим е различен од лани и мора да си признаеме дека не игравме добро во овој натпревар. Чуприна беше феноменален меѓу стативите, меѓутоа, искрено, ние не изгледавме како што тим треба да изгледа во вториот дел од сезоната. Сигурно ќе научиме од ова. Татран сигурно ја сакаше победата повеќе и мора да му честитаме“, изјави Стоилов.

„Честитки за ракометарите на Татран Прешов за победата, целосно ја заслужија. Беше добар натпревар, тесно беше до крајот, но направивме неколку грешки во одбрана, исто така и во напад и противникот тоа го казни, па заслужено победи“, изјави Георгиевски.