Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: KK Империал го “плати цекот“, Вардар  в гости газеше денес до максимални 0-8
Куглање: KK Империал го “плати цекот“, Вардар  в гости газеше денес до максимални 0-8

Куглање: KK Империал го “плати цекот“, Вардар  в гости газеше денес до максимални 0-8

 Денес во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје се  одигра  дуелот од 7.коло во Македонската кугларска лига во кој КК Империал Тобако ТКС го пречека тимот на Вардар. Во еден одличен дуел  за нас победивме со максимални 0-8, мора да се одаде  признание на одличната поставеност на играчите која ја постави тренерот Драги Димитровски. Тие пак му вратија со одлична игра на довербата и максимален ефект.

d2 d3

Први настапија Бранко Митиќ  (492) и Тодоровски (542) тие во дуел со  ривалите успеаа да победат, па така ние тргнавме со одлични 2-0 на почетокот. Потоа следеше нов дуел за нас настапија М.Згонц (558) и  Влатко Стојановски (528). Овие момци продолжија во исти ритам донесувајќи два поена и огромна предност за нас од 4-0 пред последниот пар. Во последниот пар настапија Дарко Димитровски (548) кој со 3-1 во сетови го донесе петтиот поен за нас. На другата патека за црвено-црниот состав избор беше Георг Поп-Крстев кој минатиот дуел беше заменет, а сега тренерот Димитровски му даде улога да му се спротистави на Младен Донковски, одличен играч и екс член на Вардар. Поп-Крстев (533) одигра одлично, беше сигурен во чистењето и триумфираше за високи 6-0 по шест играчи.  Екипно имавме исто така одлични бројки кои донесеоа уште два поени за максимални 0-8.

d4 d5

Ние имавме 17, 5 сетови, а ривалот само 6.5 освоени што ја покажа нашата целосна доминација. Имавме соборено 3204  “дрва“  односно дури 177 дрва повеќе од ривалот кој застана на бројката 3027 на овој дуел. Несомнено дека црвено-црниот тим по поразот од ГТЦ денес сакаше и покажа дека се зрели за одбрана на вицешампионската титула во земјата.  Изненадувачки одличната поставеност на играчите на тренерот наш, Драги придонесе за ваква помалку неочекувана максимална победа.

 d6