Се одигра второто коло по групи, на машкиот дел на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов’, кај генерацијата родени 2006/07 година.
Урдаревски стигна до втората победа во рамките на групата А, откако во второто коло беа подобри од екипата на Драчево. Интересно тимот на Драчево имаше почетна предност од 0:2, за тренерот на Урдаревски да побара минута одмор, по што нивната екипа до крајот на првото полувреме постигна шест голови во серија и на пауза се замина со резултат од 6:2, за екипата на Урдаревски.
Серијата продолжи и во второто полувреме, кога Урдаревски постигна три нови голови и зголеми на 9:2. Намали за момент Драчево на 9:3, но со нова серија до крајот на мечот, Урдаревски успева да слави со конечен резултат од 15:3.
На вториот натпревар во истата група, прва победа забележа екипата на Балтепе од Тетово која го совлада Карпош од Куманово, кој беше слободен во првото коло. Мал број на голови гледавме на овој меч, на кој Балтепе славеше со резултат од 3:5. По првото полувреме имаа предност од 1:3, за во второто полувреме, кумановчани да го израмнат резултатот на 3:3. Сепак последните два гола на мечот ги постигна екипата на Балтепе, за прв нивни триумф на турнирот.
После нерешениот резултат против Бииснов, прв триумф и за Преспа во рамките на Б групата. Екипата на РК Преспа Вардар од Ресен лесно го совлада тимот на ГРК Гостивар со резултат 14-6 (5-2). На почетокот со гол натпреварот го отворија гостиварчани, тие поведоа со 1-0, тоа беше прво и последно водство за нив на овој уел. Со четири последователни голови ресенчани го преземаа водството на средината од првиот дел и поведоа со “три плус“ 4-1. Втората половина од првиот дел беше помалку ефикасна па двата тима со по еден гол ја завршија истата. РК Преспа отиде на одмор со предност од 5-2.
Вториот дел почна со два гола на ГРК Гостивар со кои тие намалија на 5-4 и внесеа неизвесност. Сепак следеше период на ресенчани во кој тие доминираа. Успеаа од минута во минута РК Преспа да ја зголемуваат предноста. Тие на крајот триумфираа со осум гола предност, тие победија со 14-6 на овој дуел.
Во истава група, екипата на Ангели пропушти шанса да слави, откако во текот на целиот меч имаше предност против Ѓорче Петров. Имаа предност од 3:0 и 6:3, за до крајот на првиот дел, екипата на Ангели да го намали резултатот на 6:5. Во текот на целиот втор дел, Ангели одржуваа водство, кое во еден момент беше три голови разлика (9:6). Беше и 10:8, за Ѓорче Петров да успее да израмни со удар од девет метри, откако претходно истече времето, но беше направен фаул врз еден од играчите на Ѓорче. Успеаа да погодат, што се вели од невозможна позиција и да освојат бод на овој натпревар.