Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар остана единствена екипа со 100% ефект, „падна“ и Баскет Кам
ЖКК Вардар остана единствена екипа со 100% ефект, „падна“ и Баскет Кам

ЖКК Вардар остана единствена екипа со 100% ефект, „падна“ и Баскет Кам

Во рамки на 5.коло од Првата кошаркарска лига се сретнаа двата тима без пораз, тимот на Баскет Кам од Македонска Каменица беше „домаќин“ во салата Кале на ЖКК Вардар. Се разбира  по овој дуел, девојките на Жаклина Стојановска, нашите вардарки останаа единствен тим кој не впишал пораз во лигата.

Во меч во кој ние не одигравме на наше ниво, голем број од вардарки едноставно немаа своја вечер дојдовме до едноцифрена победа. Триумфиравме со шест поени предност, резултатот по 40.минути кошарка во „Кале“ беше 58 – 64 за црвено-црните дами.

Тргнавме доминантно, по првата четвртина водевме со 13.поена (8-21), на одмор заминавме со предност од 21.кош. За време на паузата стоеше резултатот 19-40 во наша корист. Ривалот го искористи слабиот процент на шут од поле во второто полувреме  и ја намали негативата, но сепак ние имавме контрола и недозволивме да биде загрозена нашата победа.

Во следното шестто коло ние сме домаќини, на нас ќе ни гостува тимот на Студент Академија.