Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардар ги освои бодовите во Битола, младинците на Вардар Јуниор подобри од Еурофарм Работник
Вардар ги освои бодовите во Битола, младинците на Вардар Јуниор подобри од Еурофарм Работник

Вардар ги освои бодовите во Битола, младинците на Вардар Јуниор подобри од Еурофарм Работник

Кадетите на Вардар Јуниор вечерва славеа на гостувањето во Битола, против екипата на Еурофарам Работник, на дуел од младинската ракометна лига.

Избраниците на Будимир и Станковски одиграа маестрален натпревар со голема дисциплина во играта, која на крјот и даде резултат. Одлично го отворивме мечот кога имавме предност од 0:3, позитива која ја имавме уште и во неколку наврати во првото полувреме, кога резултатот на семафорот беше 1:4, 2:5, 3:6, 4:7, 5:8, 6:9, 7:10, додека во последната минута од првото полувреме стигнавме и до највисоки четири голови разлика, резултатот на полувреме беше 8:12 во корист на црвено-црните.

pobeda

Вардар Јуниор беше подобриот тим и во второто полувреме, период во кој имавме контрола на резултатот. Иако домашниот тим се обидуваше да внесе резултатска неизвеснот, тоа не се случи, едноставно вардарци делуваа пресилно за битолскиот тим. Се одлепивме и на пет голови разлика (10:15), а сите дилеми околу победникот беа решени кога при резултат 12:16, направивме серија од 0:5 и поведовивме со убедливи девет голови разлика (12:21). Остатокот од мечот беше рутина за нашиот состав, кој на крајот забележа победа, изразена со резултат 21:28.

Тројца играчи во нашиот состав постигнаа по 6 голови. Се работи за Давид Савревски, Леонид Киселовски и Бојан Чакалиќ. Андреј Пешевски постигна пет голови, Марио Мишевски два, додека по еден беа дело на Дамјан Димитријевски, Дамјан Србиновски и Симон Калајџиески.