Момците од одбојкарскиот клуб “Вардар“ како и дамите претходно настапија во првиот меч од 1/4-финалето во Купот на Република Македонија.
Исто така и одбојкарите на Вардар тргнаа со гостинска победа со високи 0-3. Наш ривал во оваа рунда е тимот на ОК Весна Пробиштип. Реваншот би требало да бида само формалност. Следен предизвик за лидерот на табелата во одбојкарската машка лига е дуелот против ОК Џио Струмица. Истиот е закажан за понеделник, 24.февруари со почеток во 17-00 часот. Ние сме домаќини во малата сала при Срц “Кале“ во Скопје.