Македонската фудбалска репрезентација до 14 години изминатиов период одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Турција.
Деби за оваа репрезентација која е предводена од Неџат Шабани, имаше вардаровиот играч, Нуман Ајетовиќ. На двата натпревари влезе во игра во второто полувреме, а Македонија одигра со нерешен резултат и претрпе еден пораз.
Дел од селекцијата се уште неколку играчи кои во јуни минатата година од Вардар преминаа во Академијата на ФФМ. Се работи за Кристијан Галевски и Дарко Сековски. Галевски беше стартер на двата натрпевари, додека Сековски започна во првите 11-сетмина на вториот дуел. Инаку, во Вардар се врати Давор Лефковски кој изминатава полусезона беше дел од Академијата на ФФМ, а во пролетниот дел се очекува да биде дел од генерацијата 2005 на ФК Вардар. Настап имаше и Гаштаров Матеј за црвено-жолтиот тим.