Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викендов се игра првото коло во 2020 од Јуниор лигата
Викендов се игра првото коло во 2020 од Јуниор лигата

Викендов се игра првото коло во 2020 од Јуниор лигата

Викендов со СЦ „Јане Сандански” се играат натпреварите од вториот дел од Вардар Јуниор лигата. Првите дуели на распоредот се утре, сабота, 22 февруари и продолжуваме и следниот ден, на 23 февруари. Се играат две кола, а на распоредот се натпреварувачи од целата држава Прилеп, Велес, Делчево, Кичево, Охрид, Ресен и од Скопје.

На 22 февруари, се стартува во 9 часот со натпревар во машка конкуренција од генерацијата 2008/09. На распоредот се натпревари во машка и женска конкуренција во генерацијата 2006/07, како и дуели во најмладата категорија, децата родени 2010 година и помлади кои се натпреваруваат во мини ракомет.

Распоред за сабота: saatnica_22.02.2020.pdf

В недела дуелите почнуваат во 9.30 часот со најмладите учесници во лигата. По натпреварите во мини ракомет, повторно ќе ги видиме екипите од постарите категории 2008/09 машки и 2006/07 во машка и во женска конкуренција.

Распоред за недела: saatnica_23.02.2020.pdf