Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Велес на нозе, доаѓаат Вардар и Комитите!!
Велес на нозе, доаѓаат Вардар и Комитите!!

Велес на нозе, доаѓаат Вардар и Комитите!!

Утре градот Велес ќе биде во знакот на фудбалот. На гости доаѓа лидерот и најтрофеен фудбалски клуб во нашава земја Вардар, а доаѓаат и Комитите, па токму и затоа велешани се подготвуваат за овој дуел и најавуваат одлична атмосфера, полн стадион и ако е можно да му ги поматат сметките на нашиот тим.

Од друга страна, Вардар делува моќно. Покрај него се најавени и повеќе од 300 навивачи на тимот, кои ќе отпатуваат за Велес со една цел – голема поддршка за Вардар и големи три бода.

Дуелот утре започнува од 14.00 часот. Дојдете во Велес да го поддржиме нашиот тим и да славиме голема победа.

„Вардар Фанс” ќе биде присутен во Велес.