Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од 13. коло во групната фаза од Лигата на шампионите.
Во „Драгао Арена“ на кој се среќаваат Порто и Вардар, арбитри ќе бидат Балаж Мартон и Петер Хорват од Унгарија, а делегат ќе биде Норвежанецот Дагфин Вилангер.
Последната средба на „црвено-црните“ што ја суделе Мартон и Хорват се одигра во Скопје во ЛШ од сезоната 2017/2018, кога Вардар одигра само 31-31 против Висла Плоцк.
Дуелот утре, започнува со почеток од 16.00 часот.