Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Станиќ повика пет играчи од Вардар за контролните мечеви на Македонија У19 против Грузија
Станиќ повика пет играчи од Вардар за контролните мечеви на Македонија У19 против Грузија

Станиќ повика пет играчи од Вардар за контролните мечеви на Македонија У19 против Грузија

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години во наредниов период ќе одигра контролни натпревари против соодветната селекција на Грузија.

За овие дуели, селекторот на Македонија, Горан Станиќ, повика пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманите Матеј Андов и Кристијан Китановски, потоа Бојан Димовски, Александар Ѓурковски и Џемал Ибиши.

Натпреварите против Грузија ќе се одиграат на 26 и 28.февруари на тренинг центарот „Петар Мишовски“. Собирот на репрезентацијата е закажан на 23.февруари.