Вардар во кошаркарската втора по квалитет лига гази во првите три кола во кој има исто толку победи, денес на “менито“ за црвено – црните беа кошаркарите на Академија ФМП. На првиот домашен меч во С.р.ц “Кале“ со тимот кој лани ни нанесе пораз дома во третолигашката конкуренција вардарци однесоа повеќе од убедлива победа. Играчите на кошаркарскиот тим победија со резултат 76-37.
Во првата четвртина играта и резултатот не ја наговестуваа оваа голема победа, по крајот на првите 10 минути резултатот беше 14-11 за црвено-црните, но втората четвртина го даде победникот на овој второлигашки дуел истата заврши со резултат 27-1. Само едниот поен на гостите за 10 минути активно играње кошарка само ја наговести нивната катастрофа на овој дуел. Во третиот период имаше еднаков број на поени на двете страни 19-19, но не беше се тоа од црвено-црните кој во последната четвртина зголемија за уште плус десет , резултатот во истата беше 16-6. Вардар погаѓаше одлично од линијата за три поени на овој дуел, но имаше лоша реализација на слободните фрлања. Најдобар поединец беше Ивановиќ кој имаше четири успешни удари за три поени, покрај него добра партија одигра и Шалев кој имаше двоцифрен ефект, а Зекири на дуелот имаше три атрактивни забивања.