Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардарци триумфираа кога беше клучно, победа в гости кај КК ГТЦ во дербито за 2.место во лигата
Куглање: Вардарци триумфираа кога беше клучно, победа в гости кај КК ГТЦ во дербито за 2.место во лигата

Куглање: Вардарци триумфираа кога беше клучно, победа в гости кај КК ГТЦ во дербито за 2.место во лигата

Овој викенд на програмата во Македонската кугларска лига-МКЛ беше  13.коло или треттото коло од последниот круг. Во истото  се одигра најважниот дуел за црвено-црните оваа сезона, дербито за “сребрената позиција“,  ривал ни беше  тимот на КК ГТЦ Мусандра до Скопје. Таа екипа како нас   по 12.коло имаше по 16 бодови на своето конто. Но кога е најтешко вардаровиот “феникс“ се издигна и победи во дербито со 2,5-5,5 (10,5-13,5, 3180-3182).

0000

Со оваа победа ние ја зграбивме “сребрената“ позиција во МКЛ, додатна тежина има тоа што е остварена на гостински терен и во моменти кога имаме одредени проблеми со повредени играчи. Први кај нас настапија Згонц и Гиевски. Одлична игра на Влатко Гиевски кој поенираше, тој имаше скор 518 “соборени дрва“. Згонц имаше скор 517 зад своето име. Во вториот пар настапи Георг Поп-Крстев (555), тој кај нас имаше прв скор  на овој дуел и поенираше. На другата патека одличен беше капитенот Миле Димковски (542) тој повторно поентираше и поведовме 3-1 во “очи“ на клучниот пар. Дарко Димитровски одигра интересен меч тој освои пола поен, откако одигра 2-2 и тој  и неговиот ривал најквалитетниот играч на ГТЦ, Лазе Атанасов имаа идентични 542 “соборени дрва“. На последната патека настапи Влатко Стојановски кој беше поразен и впиша 508 “дрва“.

По ова резултаот беше 2,5-3,5 во наша корист, пресудни беа вкупните “дрва“ за тоа кој ќе биде победник на овој дуел. Ние имавме две повеќе и победивме со 2,5-5,5  што ни донесе победа во дирекниот дуел за сребрената позиција. Големо браво за играчите и нивниот тренер Драги Димитровски кои ги водеше феноменално момците.

0

ТАБЕЛА МКЛ, 13 КОЛО

1. КК Макпетрол-24 бода
2. Кугларски Клуб Вардар- 18 Бода
3.КК ГТЦ- 16 бода
4. КК Хераклеа- 8 бода
5. КК Империал -6 бода
6. КК 18Август-6 бода