Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Вардар се зацврсти на 2.позиција во МКЛ, совладан и Макпетрол-Б
Вардар се зацврсти на 2.позиција во МКЛ, совладан и Макпетрол-Б

Вардар се зацврсти на 2.позиција во МКЛ, совладан и Макпетрол-Б

              Вардарци тргнаа силовито во пролетниот дел од сезоната,  остварија две победи на два одиграни дуели и тоа со тимови кои конкурираат за втората позиција на која сме ние во моментот.  

Црвено-црните гостуваа кај тимот на Mакпетрол-Б, на натпреварот одигран во кугларницата Мусандра,  вардарци беа убедливи и победија со високи 1-7.  За нас поентираа Коста Ристевски кој имаше најдобар скор на дуелот (556), потоа Дарко Димитровски (549) кој имаше втор скор во тимот. Поени освоиа и Пецо Димовски, Саша Јанковиќ и Бранко Митиќ. 

тимски стигнавме до 3240 „соборени дрва“ или имавме повеќе 119 од нашиот противник на оваа средба од второто пролетно коло во Македонската кугларска лига, МКЛ. Во сетови имавме двојно повеќе од ривалот, ние освоивме 16 наспроти 8-те на „пумпашите“.