Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар со пресврт во последната четвртина го совлада МЗТ Скопје во гости
ЖКК Вардар со пресврт во последната четвртина го совлада МЗТ Скопје во гости

ЖКК Вардар со пресврт во последната четвртина го совлада МЗТ Скопје во гости

ЖКК Вардар гостуваше кај тимот на МЗТ Скопје, бевме на раб на пораз се до последниот период. Успеавме да дојдеме до победа со пресврт и со убедливи 13.поени.

Настапивме без главниот „плеј“ поради повреда на Славица Наков, па имавме проблеми со организацијата. Домаќинот тоа го искористи па поведе во првата четвртина со 17-10, ние успеавме да намалиме и на полувреме отидовме со само два негатива, резултатот беше 40-38 за домаќинот.

zkk2

Во последната четвртина влеговме повторно со негатива, 57-53. Ашаданов успеа да ги скопи коцките и во последниот период се издигнавме и победивме со 65-78.